ПОВЕЌЕ

    Комплетирање на пакетите со ценовни поволности за клиентите, го одложува новиот Тарифник на НЛБ Банка

    Време зa читање: 2 минути

    НЛБ Банка ја одложи примената на оптимизацијата, измените и дополнувањата на Одлуката за тарифа на надоместоци на услугите кои ги врши НЛБ Банка АД Скопје, за 1 октомври 2026 година.

    Од Банката информираат дека одлуката е донесена поради потребата од финализирање на техничките подготовки за комплетирање и зголемена достaпност на пакет-производите кои на клиентите ќе им овозможат дополнителни ценовни поволности.
    Оттаму посочуваат дека пакетите се дизајнирани да обезбедат значително поповолни и поекономични услови во споредба со користењето на поединечни банкарски услуги, при што на клиентите им се нуди поголема вредност, едноставност и предвидливост на трошоците.

    Во таа рамка, Пакетот за млади, кој се однесува на сите клиенти на возраст до 25 години, е целосно бесплатен. Со пакетот, покрај достапноста до основните банкарски услуги со посебен фокус на дигиталните решенија, се нудат и дополнителни бенефити за младите, како што се попусти на различни продажни места и одредени поволности поврзани со посета на културни, спортски и едукативни настани.
    Истовремено, Пакетот за пензионери, кој е достапен по поволна цена, покрај основните банкарски услуги, вклучително и предвремена исплата на пензија, овозможува и дополнителни бенефити, како што се попусти во бањи, одредени здравствени установи, различни продажни места и слично.
    Дополнително, преку имплементацијата на Стандард и Премиум пакетите, Банката го заокружува своето портфолио на поволни, едноставни и понапредни пакети, дизајнирани целосно да одговорат на потребите на клиентите.

    „Нашата цел останува да им обезбедиме на клиентите фер, одржлива и транспарентна ценовна политика, да обезбедуваме континуиран развој и сигурност на нашите производи и услуги, при што посветуваме особено внимание на интересите на потрошувачите и на воспоставувањето долгорочен, партнерски и одржлив однос со клиентите“, се истакнува во известувањето објавено на веб страницата на НЛБ Банка.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично