Во 14 нетрговски трансакции, реализирани во текот на два работни дена, трансферирани се вкупно 112.131 акција од десет котирани друштва.
Високата бројност е поткрепена од трансферите со акции на РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје. Извршени се два преноса, но клучен е првиот со 111.123 обични акции. Оваа количина претставува 18,98 отсто од вкупно издадените акции – 585.399, според податоците од Македонска берза. Вториот пренос е со 22 обични акции. Во последните 52 недели, пак, не е регистрирано ниту едно берзанско тргување.
На двапати се вршени преноси на акции од уште три компании: РЖ Економика е застапена со вкупно 23 акции (2 и 21); Макстил со 60 (38 и 22); и Уготур со 25 (2 и 23).
Статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност во средата забележала нетрговски трансфери со 54 акции на Либерти, со 1 на РЖ Техничка контрола, со 14 на РЖ Услуги и со 33 обични акции на АрцелорМиттал Скопје (ХРМ).
Наредниот ден се регистрирани два нетрговски трансфери со најтргуваните акции на Берзата. Подарени се 235 обични акции на Комерцијална банка, чијашто моментална просечна вредност е 26.645,99 денари.
Нетрговски пренос е направен и со 75 обични акции на Алкалоид. Имаат просечна цена од 24.573,91 денар.
Аналитика








