Во 15 трансакции реализирани во нетрговските трансфери, минатат недела се подарени 3.311 акции. Издадени се од друштва што котираат на Македонска берза и сите се обични акции.
Од нив, само со акците на Гранит е регистрирана двојна активност: во понеделникот со 198 и во средата со 500 обични акции. Просечната цена за акција е 1.501 денар, а произлегува од последното тргување на 22 мај.
Најбројни во неделниот циклус се хартиите од вредност на Макстил. Трансферирани се 890 обични акции, чијашто просечна цена е 125 денари.
Без берзанска трансакција сопственоста е сменета кај 780 акции на Алкалоид. Фармацевтската акција секојдневно е во фокусот на инвеститорите, а има просек од 24.999,98 денари.
Трансферирани се и 322 обични акции со знакот на Силекс Кратово. Во изминатите 52 недели, со овие акции не е извршено ниту едно тргување на Берзата.
Нетрговски пренос е направен и со 200 акции на скопски Адинг. Имаат просечна цена од Просечна цена:
2.781 денар, а последното берзанско тргување е со датум 18 мај.
На тој ден се тргувало и со акции на Раде Кончар – Апаратна техника (2.435 денари – просечна цена), а во статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност се застапени со трансферот на 91 акција.
Во вторникот била реализирана нетрговска трансакција само со 77-те обични акции на Титан Усје. Според податоците од Македонска берза, просекот за акција е 47.000 денари.
Исто така, регистрирани се трансфери со 67 акции на Тутунски комбинат Прилеп, 50 на Аутомакедонија, 43 на Уготур, 34 на ЖАС, 30 на Окта, 24 на ЗК Пелагонија и 5 обични акции на Макпетрол.
Аналитика








