
Тимот на НЛБ Банка е севкупен победник на 26-тите спортски игри во организација на СФОМ, откако банката доминираше во повеќе дисциплини и го освои првото место во генералниот пласман.

Во конкуренција на 15 финансиски институции и натпревари во 18 спортски дисциплини, НЛБ Банка настапи со тим од 65 вработени, кои, според банката, покажале висок натпреварувачки дух, посветеност и тимска енергија.

Од НЛБ Банка велат дека годинашниот настап оставил силен печат речиси во секоја дисциплина, а успехот го припишуваат на заедничката работа, поддршката меѓу колегите и победничкиот менталитет.

„Нашите колеги не беа само учесници, туку двигатели на енергија, борбеност и тимски дух што нè однесе директно на врвот“, објавија од банката по завршувањето на спортските игри.

Од таму упатија благодарност до сите учесници кои, како што наведуваат, „го дале срцето на теренот“ и покажале дека успехот се гради со страст, поддршка и заедничка сила.

Спортските игри на СФОМ традиционално ги собираат вработените од финансискиот сектор, со цел поттикнување на тимската култура, спортскиот дух и меѓусебната соработка меѓу компаниите од индустријата.

Аналитика








