ПОВЕЌЕ

    Тетекс во фокусот на нетрговските трансфери – подарени 5.600 акции

    Време зa читање: 2 минути

    Девет трансакции со 9.676 акции е исходот од нетрговските трансфери реализирани минатата недела. Акциите се од седум друштва, а меѓу нив има и приоритетни хартии од вредност.

    Најголем е трансферот со 5.600 обични акции на Тетекс Тетово. Пренесениот пакет е речиси двојно поголем од вкупниот број акции истргувани на Берзата – 2.880 акции низ 47 трансакции во последните 52 недели. Просечната цена за акција е 1.930 денари, а вредноста на подарокот достигнува 10,8 милиони денари или 175,7 илјади евра.

    Две трансакции се забележани со хартиите од вредност на Макпетрол: понеделничката е со 118 акции, а во средата се трансферирани 8 обични акции. Моменталната пазарна цена за акција е 112.990,91 денар.

    Исто така, на двапати е вршен пренос на акции од Комерцијална банка: прво на 2.900 и потоа на 397 обични акции. Најтргуваната акција на Македонска берза има просечна цена од 27.203,38 денари.

    Во неделната статистика на Централниот депозитар за хартии од вредност е регистриран нетрговскиот трансфер со 350 обични акции на Тутунски комбинат Прилеп. На Берзата, пак, во изминатите 52 седмици имало две тргувања, а просечната цена е 290 денари за акција.

    Уште три трансфери се извршени со банкарски акции. Сопственички пренос е направен кај 176 обични акции на НЛБ банка и кај 7 на ТТК банка. Трансферирани се и 120 приоритетни акции на Стопанска банка Скопје.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично