ПОВЕЌЕ

    Нетрговски трансферирани 5.081 акција – најбројни на Македонски телеком

    Време зa читање: 2 минути

    Во 23 трансакции подарени се 5.081 акција. Во минатонеделните нетрговски трансфери сите акции се обични, а издадени се од 18 друштва што котираат на Македонска берза.

    Со акции на Македонски телеком се извршени три трансфери: првиот со 650, вториот со 148 и третиот со 399 обични акции. Со оглед на просечната берзанска цена од 500 денари, овие 1.197 акции вредат близу 600 илјади денари.

    Три преноси се направени и со акции на Комерцијална банка: понеделник 21, вторник 12 и четврток 185. По последното тргување од 30 април, просечната цена за акција е 27.310 денари, а вкупната вредност на овие 218 акции е речиси шест милиони денари.

    Два нетрговски трансфери се со акции на Алкалоид. Првиот е со 21, а следниот со 40 обични акции, чијашто моментална единечна цена е 25.269,10 денари.

    Во два наврати е ивршен пренос на вкупно 117 акции со знакот на Тутунски комбинат Прилеп. Во понеделник 52 и во четврток 65. Во последните 52 недели со овие акции имало две тргувања, а просечната цена е 290 денари.

    Статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност забележала 13 единечни трансфери, од кои шест се со по неколку стотици акции. Промена на сопственоста на овој начин е направена кај 965 обични акции на Либерти, 666 на Макстил, 579 на АрцелорМиттал (ХРМ), 500 на Македонијатурист, 324 на Гранит и 245 акции на РЖ Услуги.

    Регистрирани се и трансферите со 47 акции на Пелистерка, 34 на Макпетрол, 32 на Уготур и 25 обични акции на Раде Кончар-Апаратна техника.

    Без берзанско тргување се процесуирани и акции издадени од компаниите со предзнак РЖ. Подарени се 30 акции на Интер-Трансшпед, 29 на Економика и 12 обични акции на Техничка контрола.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично