ПОВЕЌЕ

    На бензинските пумпи има притисок од соседството, но недостиг на гориво – нема

    Време зa читање: 2 минути

    Во Македонија цените на горивата се најниски во регионот. Затоа, особено во крајграничните општини, под притисок на граѓаните од соседството, бензинските пумпи побрзо остануваат без гориво. Но, нема опасност да се појави недостиг, тврди премиерот Христијан Мицкоски.

    Најголемата побарувачка е за дизел, гориво кое кај нас се точи за 14,5 денари или 1,39 евроценти по литар. Премиерот посочи дека во Албанија е цената е 30 насто повисока – 1,79 центи, но наведе и други прмери:

    „Исто така, во Србија е 1,73 евроценти, што е некаде околу 25 насто поскапо од тоа што е во Македонија. На Косово варира цената, но достигнува до 1,52 до 1,53 евроценти, што е околу 10  насто повеќе. Во Грција е 1,59 евроценти и 15 насто повеќе. Во Бугарија е 1,41. Во моментот, граѓаните во Македонија имаат најниска цена за дизел горивото, а слична е цената и со бензинот 95 октани и 98 октани“.

    Владата ја следи состојбата, истакна Мицкоски, кој и покрај притисоците, не очекува кризна состојба во овој сегмен.

    „Очекуваме притисок и во периодот којшто следи. Имаме доволно количини, разговараме со дистрибутерите и со компаниите коишто ги снабдуваат граѓаните и македонската економија со нафта и нафтени деривати. Во моментот нема опасности од каков било недостаток. Ние како Влада продолжуваме да ја следиме состојбата. Можеби, условно кажано, е добра вест што Брентот и останатите продукти на светските берзи се во опаѓање. Ако вчера го достигнаа пикот од 120 долара за барел, денеска веќе се тргуваат за некаде 90-тина долари за барел. Ја следиме целата состојба многу внимателно и во зависност од развојот на настаните така и ќе реагираме“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично