ПОВЕЌЕ

    Секнаа пумпите кај дел од бензинските станици во Словенија: нема бензин, дизел, мазут

    Време зa читање: 2 минути

    Словенечките граѓани се соочуваат со недостиг од горива. Снабдувањето е нарушено на повеќето  бензинските станици низ земјата, пишуваат тамошните медиуми.

    Уште вчера повеќе читатели од различни краишта на Словенија се пожалиле дека на бензинските станици на Петрол не можеле да наполнат гориво во своите возила, бидејќи на некои станици тоа веќе било распродадено. Многу корисници на Фејсбук веќе неколку дена се жалат дека не можат да набават мазут.

    Кризата е предизвикана во пресрет на утрешните промени – најавени се ценовни скокови поради растот на цените на пазарот, предизвикан од војната на Блискиот Исток. Очигледно, побарувачката ја надминала понудата, но словенечките медиуми пишуваат дека Petrol го повлекол горивото од понудата, бидејќи чека повисоки цени.

    „Движењето на малопродажните цени на горивата во Словенија е поврзано со движењето на котациите на берзите на меѓународните пазари и со важечкиот регулативен рамки, па затоа во овој момент не можеме да шпекулираме за можни промени на цените“, велат од Petrol.

    Исто така, медиумите јавуваат дека горивото целосно е распродадено на бекои од бензинските станици во Ново место. Тамошните вработени потврдиле дека горивото е распродадено уште вчера. Недостасуваат сите видови горива, вклучувајќи дизел и бензин. „Во моментов немаме ништо“, информирале од вработените, и додале дека денес би требало да добијат бензин и дизел, додека мазут и натаму ќе нема.

    Слична состојба, според стаусите на Фејсбук, се забележува и на некои други бензински станици на Petrol во различни делови од државата. Најголеми проблеми има со дизелот и мазутот.

    (Фото: Zurnal24.si)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично