ПОВЕЌЕ

    AI, програмирање и дигитална трансформација – Inspire Academy на Саемот за образование и кариера

    Време зa читање: 2 минути

    Inspire Academy се претставува на Саемот за образование и кариера, кој се одржува во City Mall, носејќи ја својата визија за модерно, практично и бизнис-ориентирано учење. Како академија фокусирана на вештини за иднината – вештачка интелигенција, data science, програмирање и дигитална трансформација – Inspire Academy им помага на студентите, професионалците и компаниите да го претворат знаењето во конкретна конкурентска предност.

    Академијата равоти според програми дизајнирани од експерти со долгогодишно академско и индустриско искуство, со посебен фокус на практична примена, реални студии на случај и стратешко размислување.

    „Веруваме дека вистинската инвестиција е инвестицијата во знаење. А знаењето, кога е правилно насочено, станува најмоќната валута на современата економија“, велат од Inspire Academy.

    Дводневниот Саем на образование и кариера се одржува во организација на платформата „Студентарија“. На настанот учествуваат 12 јавни и приватни универзитети со повеќе од 120 факултети. Саемот првенствено е наменет за матурантите кои треба да одлучат каде ќе го продолжат образованието, но и за студентите заинтересирани за постдипломски студии, преквалификација, пракса или вработување.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично