ПОВЕЌЕ

    На Зимскиот тениски турнир „Банкари и дипломати“ – Златен пехар за НЛБ банка

    Време зa читање: 2 минути

    НЛБ Банка го освои првото место и златниот пехар на Зимскиот тениски турнир „Банкари и дипломати“. Победата ја донесе нивниот колега Владимир Дојчинов, во конкуренција на 20 натпреварувачи.

    Натпреварите во двојки составени од бакар и претставник од дипломатскиот кор или од Министерството за надворешни работи, покажаа врвен спортски дух, фер-плеј и искрена желба за дружење. Настанот што се одржа на терените на ТК „Тенис Парк Поинтер“ мина во одлична спортска и пријателска атмосфера и уште еднаш потврди дека спортот е универзален јазик кој поврзува луѓе, институции и пријатели, велат од Банката и додаваат: „Особена гордост за нас е што НЛБ Банка го освои првото место и златниот пехар, благодарение на вештата и одлична игра на колегата Владимир Дојчинов, кој со спортски дух и квалитетен тенис остави силен впечаток на турнирот“.

    Од НЛБ банка упатуваат честитки до победниците и благодарност за нивниот придонес овој турнир да прерасне во успешен традиционален настан.

    Организатори на турнирот беа водечките финансиски институции, меѓу кои и НЛБ банка, МНР и амбасадите во земјава.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично