ПОВЕЌЕ

    ПОЛОВИНА ВЕК ПОДОЦНА, АМЕРИКА ПОДГОТВЕНА ЗА НОВА ЕКСПАНЗИЈА ВО ВСЕЛЕНАТА: Трамп потпиша извршна наредба астронаутите да се вратат на Месечината до 2028

    Време зa читање: 4 минути

    За прв пат по повеќе од половина век, американски екипаж, кој треба да се упати кон Месечината, се подготвува повторно да се качи на ракета. Во Вселенскиот центар Кенеди, инженерите на НАСА и Боинг ја завршуваат финалната интеграција на системот за вселенско лансирање Артемис II, возилото што ќе носи четири астронаути околу Месечината и ќе го означи враќањето на Соединетите Американски Држави во истражувањето на длабоката вселена по 54 години.

    Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток потпиша извршна наредба со која се наложува враќање на американските астронаути на Месечината до 2028 година.

    Според соопштението на Белата куќа, наредбата предвидува враќање на астронаутите на површината на Месечината до 2028 година – последната цела година од претседателствувањето на Трамп, според Уставот – и воспоставување на првите елементи на постојана база на Месечината до 2030 година.

    Во соопштението се нагласува дека наредбата има за цел да го зајакне лидерството на САД во вселената, а воедно да ги унапреди националната безбедност и комерцијалните интереси.

    Плановите вклучуваат распоредување нуклеарни реактори на површината на Месечината и во орбитата.

    Белата куќа истакна дека се очекува вселенските технологии од следната генерација да придонесат во области како што се прецизно земјоделство, временска прогноза, безбедност на воздухопловството и глобален широкопојасен пристап до интернет.

    До 2030 година е предвидено да се развие нуклеарен реактор на површината на Месечината, подготвен за лансирање.

    ПОСЛЕДНИ ПОДГОТОВКИ НА АРТЕМИС 2

    Мисијата Артемис II е закажана не порано од април 2026 година, а кон Месечината ќе ги испрати астронаутите на НАСА Рид Вајзман, Виктор Гловер и Кристина Кох, заедно со канадскиот астронаут Џереми Хансен, на десетдневно патување околу Месечината. Ова ќе биде првото човечко патување на Месечината од Аполо 17 во 1972 година, симболична и стратешка пресвртница во обновената ера на истражување на длабоката вселена.

    Завршена е фазата на монтирање на деловите на ракетата, а сега е во тек една од најделикатните задачи е завршувањето на делот за мотори, каде што инженерите ја инсталираа изолацијата на моторот и ги отстранија скалите и платформите што се користеа во текот на изминатите месеци. Екипите, исто така, прават финални прилагодувања на слоевите за термичка заштита, кои ѝ помагаат на ракетата да ја издржи екстремната топлина со која ќе се соочи за време на искачувањето и повторното влегување.

    Заедно со ова, се обезбедуваат системи за стабилизација на возилото, а безбројните пристапни и тест порти што се протегаат по основната фаза се запечатуваат за лет, пишува aerospaceglobalnews.com.

    Вчера беше изведен и демонстративниот тест за одбројување (CDDT). За прв пат, екипажот на Артемис II ќе ги вежба своите активности на денот на лансирање на платформата, вклучувајќи облекување, транспорт, влегување во вселенското летало и процедури за итни случаи.

    БЕЛАТА КУЌА ПЛАНИРА ЕКСПАНЗИЈА ВО ВСЕЛЕНАТА

    Администрацијата на Доналд Трамп планира да поттикне жива вселенска економија водена од слободно претприемништво и да овозможи вселенски капацитети од следната генерација, се вели во него.

    Извршната наредба, подпишана од Трамп е дизајнирана да ги поттикне иновациите и инвестициите во приватниот сектор преку зајакнување на инфраструктурата за лансирање и развивање комерцијален план за замена на Меѓународната вселенска станица до 2030 година.

    Во мај, администрацијата на Трамп препорача намалување на научниот буџет на американската вселенска агенција НАСА за речиси половина, принудувајќи ја да откаже не помалку од 41 вселенска мисија – вклучувајќи вселенски летала за кои веќе се платени, лансирани и кои прават откритија.

    Новата директива завршува турбулентна година за НАСА, која поголемиот дел од годината беше под вршители на должност администратори, а не раководители соодветно одобрени од Конгресот.

    Џаред Исакман, новопотврдениот раководител на агенцијата, има историја како приватен астронаут, но исто така беше критикуван поради неговите врски со Илон Маск, магнатот чии ракети на SpaceX би можеле да соберат дополнителни милијарди долари од пријател во НАСА.

    (Фото: NASA, Josh Valcarcel – flickr.com)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично