
MINT Ins продолжува со своите активности за поддршка на образованието и локалната заедница, овојпат преку донација на училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди”.
Донацијата вклучува комплети со геометриски прибор, едукативни материјали и наставни помагала кои ќе придонесат за поквалитетна и подинамична настава, особено во делот на математиката и практичното учење. Со оваа поддршка, MINT Ins има за цел да создаде подобри услови за учење и да ги охрабри децата да го развиваат своето знаење со сигурност и љубопитност.

„Веруваме дека инвестицијата во образованието е инвестиција во иднината. Малите работи, како квалитетен училишен прибор можат да направат голема разлика во секојдневието на учениците и наставниците. Затоа со задоволство ја реализиравме оваа донација,” велат од MINT Ins.
Од ОУ „Елпида Караманди” упатија благодарност за поддршката, истакнувајќи дека ваквите донации се значајна помош во унапредувањето на наставниот процес и создавањето позитивна средина за учење.

Во две основни училишта донирани се и клима уреди.
Оваа активност е дел од пошироката општествено одговорна стратегија на MINT Ins, насочена кон поддршка на образованието, децата и заедницата во која компанијата активно делува. Компанијата и понатаму ќе продолжи со иницијативи што носат реална вредност и долгорочно позитивно влијание.
ПР Објава
Аналитика








