
Ширењето на бизнис во земја која се наоѓа во војна на прв поглед звучи нелогично, па дури и ризично. Но во поткастот „Каде се парите?“, првиот човек на „НЈСК Холдинг“ Сашо Стефаноски објаснува зошто Украина и покрај конфликтот, претставува стратешка можност за медицинската канабис – индустрија. Тој зборува за големината на пазарот, идната реконструкција на земјата и фактот дека Украина ќе има зголемени медицински потреби, особено кај пациенти со хронични болки и трауми од војната.
„И најновото кое што мислам дека е многу интересно е дека ние станавме косопственик, мнозински сопственик на компанија во Украина, затоа што гледаме силен потенцијал за нашите производи на тој пазар кога ќе се стабилизираат состојбите, бидејќи медицинскиот канабис покажува доста добри резултати во третирањето на ПТС или посттрауматски синдром, кој што е синдром, не е единечна состојба, туку е компилација од повеќе состојби. Вознемиреност, анксиозност, депресија и така натаму. Канабисот е делотворен препарат за третман за овие состојби.“
Следете нè и притиснете „subscribe“
Аналитика








