ПОВЕЌЕ

    Акциите на Раде Кончар со раст од 22,92 %, на Фустеларко Борец со пад од 12,53 %

    Време зa читање: 2 минути

    Најголемиот раст од 22,92 насто, во текот на ноемвриските берзански тргувања го постигнала акцијата на Раде Кончар. Просечната вредност е зголемена за 550 денари. Од 2.400 на крајот од октомври на 2.950 денари.

    Акцијата на Титан Усје минатиот месец го завршила на нивото од 46.500 денари. Во апсолутен износ разликата е за 2.699 денари, а во процентуален плус 6,16 насто. Еден месец пред тоа просекот бил 43.801 денар.

    На 31 октомври акцијата на Пекабеско чинела 17.550 денари, а на 28 ноември износотт се заокружил на 18.000 денари. Позитивната месечна промена е 2,56 проценти.

    За 1,54 насто се зголемила просечната вредност на акцијата издадена од ВВ Тиквеш Кавадарци. Од октомвриските 6.500 на ноемвриските 6.600 денари.

    Минимално, но нагорно движење од 0,04 насто е забележано кај акцијата на Пелистерка. Тоа го претставува поместувањето од 2.619 на 2.620 денари.

    Најголемиот пад статистиката на Македонска берза го регистрирала кај акцијата на Фустеларко Борец од Битола. Се работи за минус од 12,53 отсто, поради што просечната цена се намалила од 3.201 денар (октомври) на 2.800 денари.

    Единствената акција што на оваа листа е втор месец по ред е таа на Гранит. Овојпат со помал спуст од 3,51 отсто. Ноември го заврши со просечна цена од 1.621 денар, а претходната била 1.680 денари.

    Акцијата со знакот на Македонијатурист на крајот од октомври чинела 10.200, а еден месец подоцна 9.847 денари. Просекот е намален за 3,46 проценти.

    За 2,98 отсто опаднала вредноста на акцијата од ТТК Банка, каде што е забележано движење од 1.610 на 1.562 денари.

    Негативната листа завршува со уште една банкарска акција. Во октомври акцијата на Стопанска банка Скопје вредела 2.794, а во ноември 2.720,71 денар. Месечната промена е минус 2,62 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично