ПОВЕЌЕ

    ЈАВНИОТ СЕКТОР ЗА ОСУМ ГОДИНИ ПОМАЛКУ ПРОДУКТИВЕН ЗА 13% – Проф. Марјан Петрески во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Наместо постојаната расправа за „вишок луѓе“ во јавната администрација, Петрески инсистира дека проблемот е во нивната ефикасност. Дозволи и услуги што треба да се даваат за ден – два, се влечат со недели или месеци. Според податоците на ДЗС, професорот Марјан Петрески во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ вели дека продуктивноста во јавниот сектор за осум години паднала за околу 13%, што значи послаби услуги за парите што ги плаќаме. Решението е менаџерски пристап и дигитализација, мерење резултати и одговорност по услуга.

    „Викаме, продуктивноста во оваа економија е стагнантна. Ако ја поделите на приватен и на јавен сектор, ќе видите дека кај јавниот сектор е опаѓачка, не е стагнантна. Стагнантна или благо растечка е во приватниот сектор. Во јавниот сектор, ми се чини, имаше една бројка, на пример 2022, можеби  визави 2014, опаднала продуктивноста во јавна администрација 13%. Тоа е податокот ДЗС, не го измислувам јас. Тоа е, кога ќе земете колкава е вредноста што ја генерира јавната администрација, поделено со бројот на вработени. Тоа го ставам во контекст на ова што го гледаме. Нека растат платите, не се проблем платите сами по себе. Проблемот е тоа што со раст на платите, треба да расте вредноста што се создава, а вредноста се гледа преку услугите кои што тие ги испорачуваат кон нас..“

    Притиснете „Subscribe“ и следете нè

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично