ПОВЕЌЕ

    Нови глобални трендови и предизвици во осигурувањето – АСО на годишното собрание на IAIS

    Време зa читање: 2 минути

    Дигиталната трансформација во осигурувањето, виталната улога на оваа дејност во јакнењето на социјалната отпорност, како и структурните предизвици кај осигурувањето на живот на глобално ниво, беа тамите од интерес на годишното собрание на Светската асоцијација на супервизори во осигурувањето (IAIS). Домаќин беше Тирана. Учесниците го искористија настанот како можност за дискусии, размена на искуства и стекнување знаења за новите трендови и предизвици кои во оваа значајна област се појавуваат во стетски рамки.

    Агенцијата за супервизија на осигурувањето е полноправен член на IAIS. Годинава, на собранието учествуваа и АСО го пртставуваа Ели Дракуловска – претседател на Советот на експерти, Александра Дранговска и Горан Здравковски – членови на СнЕ, како и Маја Парнарџиева – Змејкова, координатор на Стручната служба за супервизија.

    На годишното собрание, членовите го избраа Toshiyuki Miyoshi, заменик министер за меѓународни односи на јапонската Агенција за финансиски сервиси, за претседател на Извршниот комитет на IAIS.

    IAIS артикулира и унапредува процеси од особено значење за осигурувањето на глобално ниво со особен аспект за заштита на осигурениците и за осовременување на супервизијата. Во IAIS членуваат над 200 национални осигурителни регулатори ширум светот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично