ПОВЕЌЕ

    Во блок-трансакција купени 10,6 отсто од акциите на Авто гума

    Време зa читање: < 1 минутa

    Познат купувач стекнал 10,6 отсто од основната главнина на Авто гума АД Скопје. Реализирана е блок-трансакција со 7.292 обични акции, вредна 29.561.768 денари или околу 480,7 илјади евра.

    За секоја акција се платени по 4.054 денари. Номиналната вредност на овие хартии од вредност е 5,1129 евра.

    Според податоците од Македонска берза, ова друштво има издадено 68.798 акции, кои котираат на слободниот пазар. Меѓутоа, во последните 52 недели не е забележано тргување со нив.

    Авто гума речиси осум децении произведува гумени производи. Се смета за најголем производител во регионот. На нивната веб-страница е посочено дека покриваат 25 до 30 отсто од домашниот пазар.

    Минатата година, според податоците од Бизнис Мрежа, Авто гума приходувала 526,6 илјади евра, при што е остварена добивка од 8,5 илјади евра. Во однос на прекланските резултати има пад – кај приходите за 23,36, а кај профитот за 72,53 отсто. Лани компанијата функционирала со 14 вработени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично