
На спортските игри по повод Денот на штедењето, тимот на Комерцијална банка имаше одличен настап и се закити со два медала – златен во одбојка и сребрен во куглање.
Вработените во Банката уште еднаш докажа дека со тимски дух и посветеност се постигнуваат успеси и во работата и во заедничките предизвици на спортските терени.
Турнирот беше во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија – СФОМ, а ги собра вработените од различни финансиски институции во духот на спортот, соработката и пријателството.
Им честитаме на нашите колеги за заслужените медали и им посакуваме уште многу успеси.

Аналитика








