ПОВЕЌЕ

    МОН: Онлајн настава во домашни и болнички услови следат 30 основци

    Време зa читање: 2 минути

    Триесет ученици кои се подолго од три недели на болничко или домашно лекување, од 1 септември активно ја следат наставата од далечина. Еден дел од нив се вклучени онлајн на часовите заедно со соучениците, додека за другиот дел наставниците одржуваат индивидуална настава користејќи ги алатките што вообичаено се   употребуваат за настава на далечина, како платформите ЕДУИНО и nastava.mk, соопштија од Министерството за образование и наука.

    Од   почетокот на оваа учебна година МО во соработка со Министерството за здравство и НВО САНО – Здружение за поддршка на децата заболени од канцер, воведе формално образование во здравствените установи и домашни услови. Секој ученик кој е хоспитализиран, или, пак, е на лекување во домашни услови подолго од три недели, може од далечина да ја следи наставата во своето одделение или наставникот со него да организира индивидуална настава. Системска мерка која во минатото не постоеше, сега е уредена во закон и со подзаконски акти.

    Ниту еден ученик не смее да биде лишен од образование само затоа што се лекува.  Здравствената состојба не значи изолираност, прекин на образованието или заборавеност, туку напротив, болеста е предизвик, а општеството е обврзано да им даде поддршка и надеж. Со инвестирање во нивното знаење, инвестираме во една поправедна, поемпатична и посилна иднина.

    Министерството за образование и наука упатува благодарност до наставниците кои се вклучени во реализација на наставата за овие ученици, за нивната пожртвуваност и посветеност, како и благодарност до родителите и старателите на учениците за поддршката и активното учество во успешното спроведување на овој процес.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично