Македонија е чекор поблиску до приклучување кон европскиот систем за инстант плаќања. Тоа значи трансакции за неколку секунди, со значително пониски трошоци. Овие инстант плаќања се последната фаза од процесот на приклучување кон СЕПА која овозможи граѓаните и бизнисите да плаќаат во ЕУ како да се дома. Ова е стратешки проект кој може да ја смени сликата за ликвидноста, конкурентноста и ефикасноста на македонската економија, вели поранешната гувернерка на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска која во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ за првпат се појавува во јавноста откако не е на функцијата прв човек на Централната банка.
„Со влезот во СЕПА, плаќањето ќе мора да се извршува во текот на еден ден, а ако се приклучиме и кон инстант платформата, тогаш плаќањата би се извршувале во секунди, десетина секунди… Инстант плаќањата во суштина се брзи плаќања, кои што се извршуваат во реално време, како што кажа, прашањето е за секунди во кои што се реализираат плаќањата, ги користат плаќања од сметка на сметка во различни финансиски институции, може да бидат за домашната економија, значи национални инстант плаќања, но и прекугранични инстант плаќања. И овие инстант плаќања вообичаено се прилично со ниски трошоци за граѓаните и за компаниите, а се фокусирани по својата природа, сепак во сегментот на помалите плаќања…“
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот. Притиснете „сабскрајб“ за повеќе анализи!