ПОВЕЌЕ

    БЕЖОСКА: ФРАГМЕНТАЦИЈАТА И ГЕОПОЛИТИКТА СЕ ЗАКАНА за светската и за нашата економија

    Време зa читање: 2 минути

    Нова, четврта сезона на „Каде се парите?, со мене, Горан Теменугов.

    Франција политички се тресе поради буџетскиот дефицит.

    Растат стравовите во Европа од нова должничка криза.

    Во светски рамки се помалку има инвестиции. Се повеќе се зборува за деглобализација и фрагментација.

    Овие турбуленции се исклучително опасни за отворени економии, како македонската, која е во топ 25 те земји во светот по овој основ.

    За геополитиката и економијата, во овој поткаст за првпат откако не е на функција ќе зборува поранешната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска.

    Секако, ќе го искористиме времето за да зборуваме за нејзината 25 годишна богата кариера и како таа како вицегувернерка и гувернерка се справуваше со кризите во изминативе 15 – тина години.

    Гледајте не, а за да не најдете, отидете на Јутјуб, во пребарување на кирилица напишете Пари и ние ќе ви се појавиме.

    За да можеме да создаваме за вас бесплатни содржини, многу ќе ни значи ако кликнете „subscribe.

    Гледајте не премиерно секој четврток во 12 часот, а потоа кога и да сакате.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично