НЛБ Банка воведува промотивна понуда за своите клиенти, овозможувајќи им да ги реализираат своите планови и секојдневни потреби со пониска каматна стапка. Од 1 септември до 31 октомври 2025 година, сите корисници на кредитните картички NLB Visa Classic и NLB Visa Gold ќе имаат можност да ги користат со исклучително поволна фиксна каматна стапка од само 5,9% на сите безготовински трансакции направени во овој период.
Оваа иницијатива, како што наведуваат од Банката, е одговор на потребата за поголема финансиска сигурност и стабилност во услови на зголемени сезонски трошоци.
Фиксна камата за целиот период на отплата
Намалената каматна стапка се однесува исклучиво на трансакции направени во рамките на промотивниот период, но ќе остане фиксна и непроменета за целиот рок на отплата – без разлика на бројот на рати или нивната висина. На тој начин, клиентите добиваат подобра контрола и предвидливост во управувањето со личните финансии, како и долгорочна заштеда.
Поддршка за различни потреби
Со оваа понуда, НЛБ Банка обезбедува поддршка за граѓаните без оглед дали станува збор за подготовка за новата учебна година, есенски патувања, уредување на домот или пак покривање на секојдневни трошоци.
Флексибилни услови за отплата
NLB Visa Classic и NLB Visa Gold се револвинг кредитни картички кои нудат одложено плаќање, самостојно управување со отплатата и минимална месечна обврска од само 5% од вкупниот долг.
Дополнителни информации
За повеќе детали, клиентите можат да се обратат во експозитурите на НЛБ Банка, да се јават во Контакт центарот на 02/15 600 или да ја посетат веб страницата на Банката: www.nlb.mk