ПОВЕЌЕ

    „ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА НЕ Е ЗАМЕНА, ТАА Е НАШ АСИСТЕНТ, но мораме да учиме како да ја користиме“ – Суад Сефери во New Biz

    Време зa читање: 7 минути

    Во оваа епизода на New Biz Podcast гостин на Наташа Велковска е Суад Сефери, долгогодишен професионалец во ИТ индустријата и автор на првата книга за вештачка интелигенција на Балканот – “The AI Journey“. Во време на неверојатен технолошки напредок, вештачката интелигенција брзо се наметнува како клучна алатка во различни области – од работните места до креативните индустрии, а целта на Суад е да ги едуцира луѓето како ефикасно да ја користат вештачката интелигенција. Тој е и претседател и основач на Здружението AI NOW, а мисијата на здружението е е да го поттикнат истражувањето, развојот и едукацијата за вештачка интелигенција во Македонија.

    Што било пресудно во животот на Сефери за да се заинтересира токму за тоа вештачката интелигенција.

    „Ние, како организација, се собравме во подрум, околу 5-6 луѓе. Сите ние сме професионалци со повеќе од 20 години искуство во нашите области, исто како и јас. Се собравме како група луѓе со навистина големо искуство, со јасна цел – да ја доближиме вештачката интелигенција до луѓето во Македонија. Забележавме дека постојано се зборува за вештачката интелигенција, но или е претставена на премногу технички начин, или е прикажана како нешто далечно и неразбирливо, поради што луѓето често доаѓаат до заблуда. И сакавме да направиме нешто што ќе биде конкретно, корисно, што ќе отвори дијалог како оваа технологија влијае во секојдневието, не само во ИТ секторот, туку и во образованието, во правото, во медиумите, па наскоро и во медицината, каде што веќе почнува да функционира тоа како сегмент“, објаснува Сефери.

    Тој вели заблуди, но со кои заблуди се соочуваат луѓето. Што е онa што сакаат да го разбијат преку активностите на здружението?

    „Првично сакаме да направиме свесност за вештачката интелигенција, каде што луѓето не треба да користат вештачка интелигенција само за превод или за пишување на мејлови. Има многу други работи, каде што можат да се инвестира, пример конкретно во медицината. Јас направив едно истражување со неколку снимки од пациент што се лечи веќе 9 месеци. Целта ми беше вештачката интелигенција конкретно да ми даде препораки што понатаму треба да направи лекарот – која терапија да ја даде и кои чекори да ги преземе. Не е идејата да ја користиме вештачката интелигенција само за пишување мејлови или за преведување. Треба да ја сфатиме малку посериозно. Вештачка интелигенција постои во светот одамна, но последниве седум години стана поактуелна тема. Сите светски компании почнаа да вложуваат, и тоа резултираше со голем раст, и на пазарот, и во технологијата. Сега сме сведоци на една нова трансформација“, укажува Сефери.

    Тој вели дека вештачката интелигенција многу брзо се развива и луѓето морат да се прилагодат и да влезат во тој системот. А примената за добро најмногу може да има во екологијата, во глобалното затоплување, за да наоѓа решенија како светот да се справува со оваа состојба.

    Сефери раскажува и за една ситуација кога бил на средба со радиолози, каде што анализирале снимки и направиле разговори со чет-бот кои што траеле 6-7 саати, бидејќи детално секоја ситуација што треба да ја знае треба да се внесе, за да се има конкретен фидбек за што треба да се случи понатака.

    „Во секој случај радиолозите нема да се заменат, работните позицији нема да се заменат. Вештачката интелигенција е дојдена како наш сојузник, како асистент. Ќе има автоматизација на процеси и ќе има луѓе што се обучени со вештачка интелигенција за да бидат попродуктивни во која било компанија или сфера. Искуството низ годините ми покажало дека отпорноста од што и да е ново во светот доаѓа од стравот за што е следно, страв од ново, од непознатото. Но тоа непознатото фактички е многу добар асистент, личен асистент во животот, во работата, во секојдневието, затоа сметам дека мора да се прилагодуваме.“, советува Сефери.

    Постојат многу алатки во однос на вештачката интелигенција, но како народот да процени што треба да користи, што му треба, дали постои некаква систематизација.

    „Тоа ни е една од главните цели на невладината организација, да ги упатиме луѓето што треба да користат и што на нив им е потребно, па и да го платат ако треба, ама да знаат дека 50% од работата им е завршена. Има многу алатки, најголемата алатки е ChatGPT. Мајкрософт се движи малку поспоро од другите, меѓутоа е многу стабилен и тој е единствена платформа што ја има интегрирано цела вештачка интелигенција во системот, каде што ти дозволува да креираш свои персонализирани агенти, да правиш што ти сакаш. Сега гледам и Гугл го пушти ова во употреба многу скоро. И истото се случува и на Гугл. Значи, ќе дојде моментот каде ќе бидеме веќе систематизирани, па по автоматизам тоа ќе ни биде како додатен модул и ќе ни биде секојдневие. Меѓутоа, секој сака да се пробие моментално на пазарот и затоа има толку многу алатки. Има алатки од типот на видео и слики, тие се малце поспецифични. Една од целите ни е тоа, да имаме презентации за различни индустрији во однос на алатките“, вели Сефери.

    Тој издал книга на Амазон, “The AI Journey“ е на англиски јазик и е поделена на два дела. Првиот дел објаснува како функционира вештачката интелигенција, бидејќи како што вели тој, луѓето не знаат како функционира вештачката интелигенција и тоа е и причината зошто првиот дел на книгата објаснува што е deep learning, што е machine learning, и како функционира natural language processing – целиот процес преку кој се добива фидбек од вештачката интелигенција.

    „Вториот дел е „roleplay“ поглавје, каде што ги имам опфатено речиси сите индустрии. Во тој дел додадени се и фронтови, кои треба да те инспирираат и да ти дадат знаење како да извлечеш максимално корисни информации од алатките што ги користиш – ChatGPT, Gemini или која било друга. Го нареков „roleplay“ дел затоа што комуницираш со ботот, и ботот ти дава информација. Но, за да ја добиеш вистинската, конкретна информација, мора да знаеш што точно да прашаш. Ако тоа го совладаш, можеш да извлечеш многу вредни податоци. И тука е всушност потешкиот дел — како да знаеш што точно да прашаш“, појаснува Сефери.

    Во однос на тоа дали има некоја препорака во која насока треба да биде процесот на генерирање на прашање. Тој вели дека тие се делат на три или четири модули. И дека треба да се знае контекстот што сака да се постигне, потоа треба да се знае која команда да се даде.

    Кога комуницираме со модел на вештачка интелигенција, клучно е правилно да го структурираме нашето барање. Ако, на пример, се обидувате да добиете содржина поврзана со новинарство, а поставите прашање во медицински контекст, моделот може да се збуни и да даде несоодветен одговор. Затоа, секогаш препорачувам прво јасно да се дефинира контекстот и улогата, да се наведе дали сте новинар, лекар, професор или нешто друго. На пример, командата може да започне со: „Јас сум новинар од TEDx и подготвувам текст за…“ – на тој начин, вештачката интелигенција знае од која перспектива да одговори и каков тон и пристап да даде. Освен тоа, доколку си студент, потребно е да бидеш особено внимателен. Кога бараш нешто од вештачка интелигенција, без разлика дали е за да ти помогне со некоја задача или да ти објасни како да постапиш важно е да го користиш одговорно. Денес веќе постојат нови алатки што ги користат големите универзитети за откривање плагијати кај студентите. И мислам дека тоа е навистина корисно. Затоа што целта не е само да напишеш нешто и да не бидеш откриен дали си го позајмил од некаде. Вистинската цел е да стигнеш до момент каде што навистина ќе апсорбираш знаење, ќе го разбереш материјалот и ќе го примениш самостојно“, укажува Сефери.

    Целата епизода и слични на оваа се достапни на  New Biz Podcast

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично