Во Битола стартуваше со работа фабриката Брејнчајлд за производство на опрема за спортови на вода и ветер официјално почна со работа во Битола. Станува збор за германско-холандска инвестиција вредна околу 11 милиони евра, во која досега се вработени околу 230 лица.
На отворањето присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека Владата ја поддржала реализацијата на проектот како инвестиција што носи додадена вредност за македонската економија.

„Нам како Влада ни претставуваше особена чест и задоволство да можеме да поддржиме една ваква инвестиција каде што веќе околу 230 луѓе се вработени, инвестиција во вкупна вредност од околу 11 милиони евра и на тој начин да продолжиме да поддржуваме инвестиции коишто ќе бидат додадена вредност во македонската економија“, рече Мицкоски.
Тој му честиташе на сопственикот за одлуката да инвестира во Битола и ја поздрави поддршката од локалната самоуправа и институциите во процесот на реализација на проектот.
Премиерот најави и нови можни инвестиции во градот.
„Можам да кажам дека работиме уште на најмалку две заинтересирани инвестиции коишто би се изградиле во периодот којшто следи овде во Битола, но ајде прво да ги завршиме и да ги објавиме кога ќе се потпишуваат договорите за поддршка во рамките на Владата“, изјави Мицкоски.
Според него, отворањето на фабриката е пример за успешна приватна иницијатива која започнала на почетокот од мандатот на актуелната Влада и резултирала со нови работни места и производствен капацитет насочен кон меѓународните пазари.
Аналитика








