ПОВЕЌЕ

    „Златото повторно расте – дали треба веднаш да инвестирате?“ Сашо Дракуловски за „Каде се парите“

    Време зa читање: 2 минути

    Во новата епизода на поткастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов, гостин е Сашо Дракуловски од ВЕГА Фондови. Зборуваме за тоа дека цената на златото значително расте оваа година и дека прогнозите на светските финансиски институции предвидуваат дополнителен раст. Дали токму сега е момент да инвестирате во овој благороден метал, или сепак подобро е да бидете внимателни и да почекате уште малку? Следете нè за да не пропуштите важни совети и анализа од прва рака.

    „Да, сега има некои проекции кои ги читав и има логика дека би требало за златото да порасне до крајна годината околу 15%. Ова се од овие светски финансиски институции. Поради стравот од нели рецесија, автоматски многу инвеститори ќе одат во тој правец да вложуваат во самото злато. Така дека очекувањата се помени реални и можеби до крајна година, ако сега да речеме 200, да биде 3.600, 3.700… Може да се купува договори, фјучерси, каде што вие фактички добивате  хартија или дека имате златото, во суштина немате физичко злато, но тоа се прави на странски берзи, кај нас не може тоа. Македонските граѓани смеат да имаат онлајн платформи за тргување, можат и на тоа, а можат и во акции кои што вложуваат во злато или во фондови кои што вложуваат во злато. Имаме рудници, тип на акции кои што др од рудници кои што се со злато.

    Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот ЈуТјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.

    Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично