ПОВЕЌЕ

    МАКЕДОНСКИТЕ Е-ТРГОВЦИ МОРА ДА СЕ КОНКУРЕНТНИ и да учат од поискусните ако сакаат да се натпреваруваат на глобалниот пазар – Марија Ристовска во New Biz

    Време зa читање: 7 минути

    Дали и колку македонските е-трговци се конкурентни на странските пазари, имаат ли можност да излезат од границите на Македонија и кoи се условите за развој на е-трговијата во нашата земја. На оваа тема разговараме со Марија Ристовска искусен проект менаџер за е-трговија и маркетинг менаџер со меѓународно искуство од Асоцијацијата за е-трговија, кој со неа го водевме во рамките на нашиот New Biz подкаст.

    Ристовска водеше проект наречен „Е-трговија 4 сите“, поддржан од Проектот на УСАИД за развој на бизнисот во Северна Македонија. веб развој на едукативна веб платформа за е-трговија www.ecommerce4all.mk; организација обуки за е-трговија и дигитален маркетинг, финансиска и консултативна поддршка за 40 ММСП за отворање на е-продавница, а еден е и од главните организатори на Мастеркласот за жени во дигиталната економија од Западен Балкан 2019 и 2021 година.

    „ Генерална слика е дека е-трговијата е во еден постојан раст. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека има пораст од десет процентни поени во однос на лани, зголемен број на онлајн потрошувачи од корисниците на интернет, што е супер податок. Тоа укажува дека расте онлајн купувањето. Напоредно расте и е-понудата односно бројот на е-продавници. Расте и влезот на интернационални играчи што дополнително придонесе да ни се отворат хоризонтите, да видиме поголема понуда, фирмите да станат поконкурентни“, вели Ристовска.

    Околностите кои ги донесе пандемијата во 2020 година, според Ристовска во голема мерка придонесоа да се забрза развојот, но и прифаќањето на е-трговијата, како глобално, така и во Македонија. Во тој момент и оние бизниси што не планираа, што не размислуваа за дигитализација, во тој момент сфатија дека е неопходна и дека може многу да им помогне прво да останат, а потоа и да ги прошират своите бизниси од проста причина што и е-трговијата е дополнителен канал, не значи дека они мораат својот бизнис, својата продавница да ја затворат туку да имаат дополнителен канал, што значително ја забрза трговијата. “Во тој период реализиравме еден проект со УСАИД и дел од него беше директна поддршка на 40 компании да отворат  е-продавници. Најголем дел од нув уште функционираат. Интересно беше, а тоа беше во време на короната, имавме 350 апликации што беше сериозна бројка која не ја очекувавме, но мислам дека сериозно добро помина и продолжи да функционира. Кога го следевме растот, тоа беше сериозен експоненцијален раст што продолжи да расте и наредните години и последните години се стабилизираше, нели бидејќи најголем беше во 2020 разбирливо“, појаснува таа.

    Сепак, по пандемијата, дел од домашните компании како да ги подзаборавија своите е-продавници, па тие денес повеќе им служат како украс отколку што се функционални, враќајќи им се често на традиционалните канали на трговија какви што се физичките продавници. “Ги едуцираме дека не е доволно да се отвори е-продавницата, туку таа мора и да се разработи и да се одржува, односно да се инвестира во логистиката за да стигне до поголем број на купувачи“, вели Ристовска.

    Освен тоа, е-трговијата е релативно нов сектор и многу купувачи немаат доволно дигитални вештини да направат онлајн купување, па трговците треба да ја играат и улогата на едукатори. Граѓаните уште не се доволно комотни со користење на картички, имаат недоверба во онлајн плаќањето и сите треба да одиграат својата улога во креирањето на свеста дека ова купување е поедноставно, побрзо, и да се работи заеднички за да се креира доверба, оценува Ристовска.

    Како најголема пречка за поширокото прифаќање на е-трговијата во Македонија, Ристовска го наведува проблемот со недовербата кај купувачите која произлегува однегативните искуства кои претходно ги имале со нерегистрираните продавачи на Фејсбук и Инстаграм, кои најчесто се нелојална конкуренција, слабо се регулирани и чести се измамите.

    „Честопати купувачите имаат проблем со нерегистрирани продавачи на Фејсбук и на Инстаграм, оние што не плаќаат даноци, не вработуваат, не издаваат фискална сметка, па немаат доказ за купување. Многупати тие купувачи имаат проблем и да го најдат продавачот па ни доаѓаат поплаки иако ние не сме надлежни за тоа. Една госпоѓа ни испрати слика дека добила користена тава и кога се обидела да ги исконтактира ја блокирале. Проблемот со тие нерегистрирани е-трговци е дека тие секогаш может да ја затворат таа фекјсбук страница и да отворат нова и секогаш можат да ве блокираат. Затоа и препорачуваме да не се купува од нив, за да се заштитат потрошувачите. Притоа, не зборуваме за регистрирани е-продавачи кои имаат и Фејсбук профил каде си ги промовираат активностите. Така се губи довербата“.

    Ристовска потврдува дека на Балканот, па и во Македонија, се уште доминира плаќањето во готовина, што се одразува и на е-трговијата. „Зошто купувачите преферираат плаќање во готово? Пред се бидејќи имаме ниски дигитални вештини. Верувале или не на повеќето купувачи се уште им е страно да го направат целиот процес на онлајн плаќање. Има и ниско ниво на платежни картички по жител и тука е повторно ниската доверба што за мене мислам дека е најбитната причина. Што мислам дека произлегува од нерегистрираните продавачи и од незадоволните купувачи, тоа е еден маѓепсан круг. Нo полека почуваме да се отвораме кон нови можности. Еве сега и Пеј бај линк и самите картежни организации повеќе вложуваат, гледам дека и Гугл Пеј влезе на нашиот пазар и полека ќе почнат да се отвораат повеќе опции за да можат и купувачите повеќе да плаќаат онлајн наместо во кеш“, вели таа.

    Сепак, не е доволно само да се регистрира компанија за е-трговија, туку мора да се вложи значителен напор и таа да пружи квалитетно корисничко искуство. Ристовска кажува дека нејзе лично, како купувач, ја нервираат детали, како „ кога не е допреведена целата страница, кога ќе отворам на страница на производот па ќе ме врати не кај другите прозиводи туку на почетната страница бидејќи тоа не им е досредено или кога нема транспарентност. Многупати ми се случувало да не е даден контакт имејл, не само за да ги допрашам нешто туку и професоионално да ги исконтактирам , да ги поканам на настан и слично. За мене тоа веднаш е „red flag“ ако нема никаков контакт. Некојпат има контакт форма но таа за мене лично не е user friendly. Како трето би го ставила тоа кога страицата не е оптимизирана за мобилен телефон.

    Што се однесува до тоа колку се македонските е-трговци конкурентни во поширокиот регион и во светот, Ристовска наведува дека сепак е примарно нивните производи да резонираат со потребите на глобалниот потрошувач, потоа треба да најдат компанија за достава која испорачува интернационално и и нивната грижа за корисниците да биде на едно повисоко ниво односно на ниво на кое функционираат глобалните играчи бидејќи треба да се има на ум дека ќе имате конкуренција и дека на тој пазар веќе со години другите функционираат и дека тоа го прават добро и вие треба да најдете начин и вие да најдете место и начин за и вие да се вклопите и да почнете да ги продавате своите производи. “Треба да се зема предвид и дека регулативата честопати ни се разликува од онаа во земјите од Западен Балкан, имаме различни царински и административни постапки, различен јазик, различна валута. Но сепак мислам дека може да се изнајде начин“, додава таа.

    Целата епизода и слични на оваа се достапни на  New Biz Podcast

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично