ПОВЕЌЕ

    Во акции на „Алкалоид“ вложени 182 илјади евра преку три блок-трансакции

    Време зa читање: 2 минути

    Три блок транакции со вкупно 400 акции на „Алкалоид“ и вредност од 11,2 милиони денари се забележани во вчерашната берзанска статистика. Пресметано во евра, 182 илјади.

    Првиот блок опфаќа најмногу акции – 200, а од другите два се разликува и по цената од 27.999 денари. Овие акции се купени за 5.599.800 денари или 91 илјада евра.

    Хартиите на вредност од фармацевтската компанија во другите два блока се стекнати по единечна цена од 27.996 денари. Вториот блок е во износ од 2.043.710     денари (33,2 илјади евра), платени за 73 акции. Податоците за третата трансакција се 127 акции и 3.555.490 денари, односно 57,8 илјади евра.

    Месецов, ова се првите блок трансакции со акцијата на „Алкалоид“, а во јануари се регистрирани пет. Преку нив се инвестирани над 225 илјади евра во вкупно 544 акции, чија цена се движела од 28.500 до 30.200 денари.

    На официјалниот пазар, пак, вчера биле истргувани 368 акции, а прометот изнесува 10.396.480 денари или 169 илјади евра. Со дневен пад од 4,11 проценти, просечна цена е 28.251,29 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично