ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за декември започнува на 30 декември

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комерцијална банка ги известува своите ценети клиенти, пензионери, дека ќе започне со исплата на пензиите за декември од понеделник, 30.12.2024 година.

    Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од понеделник, 30.12.2024 година, и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

    Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 30.12.2024 година ќе може да ја подигнат во широката мрежа на експозитури и филијали на Банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично