ПОВЕЌЕ

    ЦКБ ќе го јакне финансискиот капацитет со нова емисија конвертибилни обврзници од 6.000.000 евра

    Време зa читање: 2 минути

    Централна кооперативна банка АД Скопје се подготвува за издавање на втората емисија долгорочни должнички хартии од вредност – конвертибилни обврзници по пат на јавна понуда, а во износ од шест милиони евра. Рокот на доспевање е девет години, а за целиот тој период годишната каматна стапка е 2,2 проценти. Засега ова е предлог-одлука, која треба да се усвои на закажаната за 29 јануари, вонредна седница на акционерското собрание.

    Поголемиот дел од конвертибилните обврзници, во износ од пет милиони евра, ќе се искористи за предвремена исплата на претходно издадената прва емисија. А, еден милион евра ќе одат за предвремено исплаќање на претходно искористен субординиран долг.

    На овој начин Банката има намера да го зајакне вкупниот финансиски капацитет и да ги оствари бизнис целите и финансискиот план утврдени за идната година, како и развојниот план 2025-2028. Исто така, дополнително ќе го зголеми капиталот, со што ќе обезбеди оптимална адекватност во наредниот период. Како што е посочено, основната главнина на ЦКБ од 22.791.000 евра, со емисијата ќе се зголеми на 28.791.000 евра. Поделена е на 553.087 обични акции со единечна номинална вредност од 41,2069 евра.

    Конвертибилните обврзници се неограничено преносливи, во нематеријализиран облик и гласат на име. Имателот освен што добива камата, има и право да ги конвертира обврзниците во обични акции со право на глас.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично