ПОВЕЌЕ

    Штедилница ФУЛМ: Благодарност кон Проф. Д-р. Љубе Трпески

    Време зa читање: 2 минути

    На 29 октомври 2024 година (вторник), од 14:30 до 16:00 часот, во Централата на Штедилница ФУЛМ се одржа свечен настан за поставување на портрет во чест на  Проф.  Д-р. Љубе Трпески, Гувернер на Народна банка на Република Македонија во период од 1997-2004 година, како признание за неговата исклучителна улога   при основањето на Штедилницата. Со овој настан, се оддаде заслуженото признание на Професорот за неговата визија и поддршка за развојот на депозитни институции во времиња на економски предизвици, пирамидалното штедење и ризици.

    Благодарение на поддршката и визионерскиот пристап на тогашниот гувернер, на македонскиот пазар се воспостави иновативна финансиска институција, која работи според бизнис моделот на кредитни унии. Денес, со гордост одбележуваме 25 години постоење, со довербата на илјадници микро штедачи, кои со своето учество придонесоа за растот и развојот на нашата заедница.

    На настанот присуствуваа и Вицегувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, г-ѓа Емилија Нацевска, Претседателката на Македонската банкарска асоцијација, Др. Маја Стевкова Штериева и Извршниот секретар на асоцијацијата М-р Милена Перченкова, што несомнено ја отсликува поддршката што ФУЛМ ја добива од водечките финансиски и институционални институции.

    Настанот беше збогатен со пригоден говор од Проф. Д-р. Трпески, кој ги сподели своите размислувања и искуства поврзани со вредностите на штедење, но и финансиска одговорност, по повод Светскиот ден на штедењето. По говорите, гостите имаа можност да уживаат во закуска произведена од нано бизниси во сопственост на жени претприемачи, како и македонско вино од малите семејни винарии – симбол на локалната автентичност и заедништво.

    Овој настан, од затворен карактер, го прослави придонесот на Проф. Д-р. Љубе Трпески, кон иновативните финансиски решенија и долготрајната доверба што ФУЛМ ја негува кон своите членови.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично