Соработката на партиите од албанскиот блок со партии од Косово и од Албанија е политички нормална работа и не гледам никаква пречка во тоа, вели во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој додава дека при работењето на владата не се чувствува дека ВЛЕН има тесна соработка со косовската партија „Самоопределување“ и со лидерот на таа партија и премиер на Косово Албин Курти. Но, Николоски додава дека во владата се јасни правилата чии интереси треба да штитат министрите.
„Минатото ни покажа дека сме имале и трговски војни со Косово, сме имале блокади, проблеми…
– Тоа го велам. Страшно би било да има влијание во работењето на Владата што јас не го гледам.
– Добро, 100 дена се само.
– Верувајте јас нема да толерирам таква работа. Мислам дека ние сме многу јасни во нашата работа. Кој сакаше да нѐ разбере и карактерот да ни го сфати, толеранција за такви работи нема да има.