Уште еден пар блок-транскции со акциите на „Македонијатурист“. Овојпат со заеднички износ од над 685 илјади евра, преку кои познат купувач (чие име веќе се споменува во јавноста) се стекнал со дополнителни 5.381 обична акција. Тие обезбедуваат 1,19 проценти од почетниот капитал на хотелско-угостителската компанија.
Во денешната објава на Македонска берза е наведено дека првиот блок е реализиран по цена за акција од 7.700 денари, а вториот по 8.000 денари. Номиналната вредност е 25,56 евра.
Пониската цена е платена за поголем број обични акции – 2.981. На сопственикот му носат 0,66 отсто од основната главнина. Оваа трансакција чини 22.953.700 денари, односно повеќе од 373 илјади евра.
Вториот пакет содржи 2.400 акции и вреди 19.200.000 денари или над 312 илјади евра (пресметано по единечната цена од осум илјади денари). Таа количина претставува 0,53 проценти од основната главнина.
Минатата недела, пак, беа забележани четири блок-транскации со акциите на „Македонијатурист“. Тие од почетокот од седмицата имаа заедничка вредност од над 1,3 милиони евра (за 10.393 акции), а другите две од 90 илјади евра (за 648 акции). По тогашната цена од 8.100, односно 8.000 денари за акција.