ПОВЕЌЕ

    Душко Гошевски за „Каде се парите?: Добивката од работење со криптовалути се даночи со 10%

    Време зa читање: 3 минути

    Криптовалутите, како нематеријален имот се даночат во Македонија. Според Закон, се плаќаат 10 отсто од остварената капитална добивка. Во потакстот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ каде зборуваат адвокатот Душко Гошевски кој има работено во УЈП и бил комисионер во Комисијата за хартии од вредност, како и правникот Антонио Ѓоргиев попознат на јавноста како Крипто Гемиџија, беше појаснето дека ако се инвестираат 1.000 евра во криптовалути и при продажба се добијат 1.500 евра, тогаш 10 те отсто ќе се платат само на добивката од 500 евра, односно само 50 евра во наведениот случај. Исто така, ако има капитална загуба, ништо не се плаќа, при што таа се пренесува во иднина што значи дека ако сте загубиле 500 евра, па потоа сте оствариле при друга трансакција капитална добивка од 500 евра, ништо нема да се плати бидејќи збирот на загубата и добивката е НУЛА. Се напоменува дека загубите и добивките треба да се пријават во УЈП до 10 наредниот месец, односно ако се направени во септември, тие треба да се пријават до 10 октомври тековната година.

    Инаку, поткастот премиерно се емитува во четврток во 12.00 часот, а потоа може да се погледне на Јутјуб каналот на www.pari.com.mk или @parimedium. Секако, оваа содржина е бесплатна, но нас добро би ни дошло ако притиснете „subscribe“ и поченте да не следите.

    „Криптовалутите, односно се нематеријален имот, односно asset, како што го викаат, тогаш можеме да збориме дека има регулација во постојниот Закон за персонален доход, односно личен данок на доход. Се третира како капитална добивка. Значи при секоја капитална добивка, односно тргување на овие платформи, доколку се оствари капитална добивка истата мора да се пријави во даночната администрација, во УЈП при што се плаќа 10 % персонален данок на доход.

    – Значи за сите што нѐ следат, ако направат добивка односно заработат нешто од тргување со криптовалути, слободно може да ги пријават и тие си се легални, парите се легални, да си платат данок и после тоа може да си прават што сакаат во државата бидејќи е платен данокот и тие се најзаконски пари што постојат на свет.

    – Така е. Јас претендирам тоа секогаш да го кажам. Се работи за капитална добивка. Не се плаќа на вкупната трансакција, туку на разликата што се прави. Исто така може да се направи и капитална загуба.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично