Нискобуџетната компанија Wizz Air планира да го намали капацитетот на превоз на патници на речиси сите пазари во поранешна Југославија во текот на наредниот четврти квартал во споредба со истиот период минатата година.
Визер целосно се повлекува од линиите за Луксембург, а помалку седишта ќе обезбеди и за линиите од и кон Бугарија, Норвешка, Романија, Грција, Кипар, Шведска, Литванија, Исланд, Полска, Холандија, Франција, Германија, Латвија и Малта.
Во Скопје, каде што Wizz Air ја има најголемата база во поранешна Југославија, нискобуџетната компанија ќе забележи намалување на капацитетот за 22,6% во 2023 година или 125.726 седишта помалку од минатата година. А, пак, во Охрид, бројот на слободни места ќе се намали за 32,6% или 17.858.
Во Белград, и покрај тоа што има повеќе летови овој септември и октомври во споредба со минатата година, Wizz Air ќе го намали својот вкупен капацитет во последниот квартал од годината за 27,6%, бришејќи 148.292 седишта од пазарот, додека во Ниш ќе има 36.316 помалку места или намалување од 57,2% во однос на 2023 година . Ова резултира со отстранување на 9.366 места од пазарот. Во Подгорица , Wizz Air го намалува капацитетот за 7,3% или 5.452 седишта. И Љубљана ќе биде со една линија помалку од минатата година, превозникот ќе има 44,9% помал капацитет на словенечкиот пазар или 11.756 седишта помалку.
Единствениот пазар во поранешна Југославија каде Wizz Air ќе го зголеми трендот е Босна и Херцеговина. Со повеќе летови на постојната линија меѓу Лутон и Сараево , како и со започнувањето на летови меѓу Рим и Сараево, капацитетот ќе порасне за 183,3%, со дополнителни 22.908 седишта. Од друга страна, расположливиот капацитет на операциите во Тузла ќе се намали за 3,6% во текот на четвртиот квартал со 1.812 места помалку. Промените за гореспоменатото остануваат можни, бидејќи буџетскиот превозник продолжува да го менува распоредот врз основа на достапноста на авионите.
Причината за сето ова е поради инспекците на моторите кои приземјија значителен дел од нејзината флота, што резултираше со големи прекини низ нејзината мрежа.