ПОВЕЌЕ

    Акцијата на ТТК Банка со најголем раст на вредноста во јули

    Време зa читање: 2 минути

    Со плус 25,33 процени акцијата на ТТК Банка постигна највисок месечен раст на вредноста. Во статистиката на берзанскиот билтен е запишано дека на последниот ден од минатиот месец просечната цена изнесувала 1.833 денари, додека на 30 јуни била на нивото од 1.462,50 денари.

    На топ 5 листата акции со најголем пораст, второпозиционирана е акцијата на Реплек. Од јунските 11.600 денари на 14.286,50 денари во јули, што претставува нагодно движење од 23,16 проценти.

    Акцијата што ја разби монотонијата и беше најтргувана во јули, ја има и во оваа петорка. На просечните 4.900 денари од јуни се додадени 20,8 насто, со што акцијата на „Окта“ во јули достигнува вредност од 5.919 денари. Всушност, тоа е максималната одредена цена во одлуката за откуп на сопствените акции донесена од акционерското собрание на компанијата.

    На последниот ден од јуни акцијата на БИМ Свети Николе вредела 15.550 денари, а еден месец подоцна 18.001 денар. Просечната цена се зголемила за 15,76 насто.

    Листата на најпозитивните се заокружува со акцијата на Стопанска банка Скопје и со растот од 15,38 проценти, со што просечната цена се поместила од 1.560 на 1.800 денари.

    Во месечниот билтен на Македонска берза е наведено дека најголемо опаѓање имало кај акцијата на РЖ „Услуги – за 11,76 отсто. Од 51 денар во јуни на 45 денари во јули.

    Просечна вредност од 10.011 денари имала минатиот месец акцијата на прилепска Витаминка“, која претходно чинела 10.999 денари. Има месечен минус од 8,98 проценти.

    За 6,25 отсто се намалила цената на акцијата издадена од Адинг“, од јунските 1.600 денари на јулските 1.500 денари.

    Последното место на негативната листа, на која овојпат има четири акции, го има Македонски телеком. Се работи за минус од 0,75 проценти, кои цената на акцијата ја симнале на 417 денари. Во јуни просекот бил 420,17 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично