ПОВЕЌЕ

    Лажна Facebook страница се претставува како Kомерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    На социјалната мрежа Facebook повторно е креиран лажен профил именуван како „Комерцијална банка Македонија“ преку кој се споделува лажна информација со која на клиентите им се нуди можност за добивање подарок, информираат од Комерцијална Банка АД Скопје.

    Истакнуваме дека се работи за лажен профил кој го злоупотребува логото и името на Комерцијална банка АД Скопје и дека Комерцијална банка АД Скопје нема никаква поврзаност со оваа Facebook страница ниту, пак, со активностите што таа ги спроведува или на кои повикува, истакнуваат од банката.

    Притоа, додаваат од Комерцијална, треба да се нагласи дека единствената официјална страница на Комерцијална банка АД Скопје на Facebook е верифицирана со син беџ за автентичност покрај името.

    Лажната страница и содржината што ја споделува веќе се пријавени на Facebook како измама, а Банката ќе преземе соодветни мерки согласно позитивните законски прописи по целосна анализа на случајот.

    Банката никогаш нема да побара да испратите лични и финансиски податоци преку социјалните мрежи или преку порака.

    Ве советуваме, во интерес на ваша поголема одговорност и заштита на вашите лични финансии, да бидете исклучително внимателни и да не споделувате ваши лични податоци додека сте на интернет страници и профили, велат од банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично