ПОВЕЌЕ

    Сѐ или ништо за голем пакет акции на „Македонијатурист“

    Време зa читање: 2 минути

    Пакет од 44.449 обични акции на „Македонијатурист“ во среда ќе биде понуден на јавна берзанска аукција. За 9,83 проценти од основната главнина на компанијата е предвидена почетна цена од седум милиони евра. Или стартни 9.800 денари за акција и вкупно 435.600.200 денари. Како што е вообичаено во ваков случај, моделот е „сѐ или ништо“.

    Берзанската аукција е по иницијатива на „Еурохаус“, а информацијата ја објави Македонска берза:

    „Ве известуваме дека на 17.07.2024 година (среда), на барање на членката Еурохаус АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје) ќе се понуди за продажба пакет од 44.449 обични акции издадени од Македонијатурист АД Скопје, што претставува 9,83% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 9.800,00 денари по акција преку моделот “се или ништо“.

    Јавната берзанска аукција се организира за продажба на големи пакети акции. Продавачот дава понуда согласно утврдените услови, а заинтересираните потенцијални купувачи наддаваат. За аукцијата можат да се пријават и домашни и странски правни и физички лица.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично