ПОВЕЌЕ

    Третина од нетрговските трансфери е со акции на „Македонски телеком“

    Време зa читање: 2 минути

    Со 2.090 акции, од кои 119 се приоритетни, завршија минатонеделните нетрговски трансфери. Во овој скромен биланс се работи за хартии од вредност издадени од четири компании и од две банки.

    Речиси третина од вкупниот број акции забележани во оваа постапка се на „Македонски телеком“. Во два наврати нетрговски е пренесена сопственоста на 749 акции. Во понеделникот 93 и во вторникот 656 обични акции.

    Податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност што ги објавува Македонска берза покажуваат дека на двапати се трансферирале и акции на Комерцијална банка. Во вторникот 100, а потоа во четвртокот уште 379. Или, вкупно 479 обични акции.

    Во минатонеделната евиденција се и 116 обични акции на „Гранит“ АД Скопје забележани во текот на првиот работен ден и 15 на „Окта“ АД Скопје чиј нетрговски трансфер е извршен во вторникот.

    Минатата среда, пак, забележана е само една ваква активност, кога биле подарени, наследени… акции емитувани од Стопанска банка Скопје. Во овој случај станува збор за 119 приоритетни акции.

    Неделата завршува со акциите на скопски „Алкалоид“. Во статистиката на нетрговските трансфери запишани се 612 обични акции.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично