Минатата година извршителите присилно наплатиле безмалку 160 милиони евра. Ова е втор најголем износ во нивната 18-годишна кариера, по рекордната 2017 година, кога со наплатата надминале 166 милиони евра, покажуваат податоците од Комората на извршители, врз основа на кои порталот „Пари“ ги направи овие пресметки.
Лани имало 93 извршители со 327 вработени, а во 2008 години имало 54 извршители со 231 вработен. Минатата година, бројот на вкупно примените барања за извршување во извршителските канцеларии изнесувал 170.325. Бројот на завршени предмети, пак, бил 76.572.
КОЛКУ ПАРИ ИЗВРШИТЕЛИТЕ ИМ СПАСИЛЕ НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ВО 2023 ГОДИНА?
Според структурата на доверители, извршителите во полза на државата во 2023 година наплатила вкупен износ од 4,3 милиони евра, во стопанството се влезени вкупно 132,3 милиони евра, а кај граѓаните 25 милиони евра.
КОИ БИЛЕ ДОЛЖНИЦИТЕ ОД КОИ СЕ НАПЛАТИЛО ВО 2023 ГОДИНА?
Според структурата на должници, извршителите во 2023 година наплатиле најмногу пари од разни правни лица, над 90,3 милиони евра. Потоа од физички лица износ од 41,9 милиони евра евра и од Република Македонија износ од 29,5 милиони евра.
ЕКСКЛУЗИВНО: ЗА НАЈПРОФИТНИТЕ ИЗВРШИТЕЛКИ СЕКОЈА ГОДИНА ПО ДВА Стана
ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО ВО ТЕКОТ НА 18 ГОДИНИ?
Комората на извршители е формирана во 2006 година и според нејзината евиденција, за 18 години се наплатиле безмалку 2 милијарди евра. Во овој период се примени 1.993.277 барања за присилна наплата преку извршител, реализрани се 758.352, што значи дека имаат и низок процент на реализација – 38%!
ПАРИ ОТКРИВА: НОТАРИТЕ ГИ „ПРОШИШАА“ ИЗВРШИТЕЛИТЕ – Астрономски добивки, најголемата 360.000 ЕВРА!
Редакција Пари