По паузата по повод божиќните и новогодишните празници, продолжува „Бизнис 3х3 Баскет“ турнирот во организација на Спортплан. Започнува 1-то коло од четвртата сезоната на „Бизнис 3х3 Баскет“ во С.Ц Јане Сандански.
На првото место на првата полусезоната е тимот на „ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА“ , второто место го заслужија тимот на „СОПРО“ и на третото место е одличниот тим на „ЕОС МАТРИКС“.
Во текот на првата полусезона се постигнаа повеќе од 2700 поени, учествуваат повеќе од 120 играчи од вкупно 12 тима.
Натпреварувачите се враќаат во игра во Четвртоците, првенство кој е од рекреативен карактер.
Продолжуваат натпреварите помеѓу пријавените екипи со одлична можност за дружење и развивање на тимскиот дух надвор од нивното работно место, но започнува и пријавувањето за новите екипи за новата сезона 24/25.
Компаниите во Македонија го зголемуваат нивниот интерес за учество на турнирот за да бидат дел од возбудливата „Бизнис 3х3 Баскет” забава. Идејата за Бизнис 3х3 Баскет е природна и потекнува од една едноставна желба – „Да излеземе од работа и да се дружиме”. За сите вклучени ова беше одлична можност во студените месеци да играат во сигурна и топла средина во СЦ „Јане Сандански” во Скопје.
Главни подржувачи на турнирот се „Натусана“ која се грижи за фарамцевтски козметички препарати за нега на лице и тело на спортистите. „Спорт+ “, како наш медиумски партнер, „Пари.мк“ наш медиумски известувач и подржувач. „Опсервер“, „Црнобело.мк“, „Вести.мк“, „Смартпортал.мк“ , „Фактор.мк“ , Емагазин.мк“, „Спорт1.мк“ , „Daily.мк“ Ви Благадариме на сите !
Повеќе информации за Спортплан и Бизнис 3х3 Баскет може да се најдат на: biznisbasket.mk и facebook.com/sportplan.mk.
Бизнис 3х3 Баскет
www.sportplan.mk