ПОВЕЌЕ

    ОД 19 КОМПАНИИ И ДВЕ БАНКИ – Реализирани нетрговски трансфери на 4.317 акции

    Време зa читање: 2 минути

    Во текот на минатата недела низ нетрговските трансфери минале 4.317 акции на друштва кои котираат на Македонската берза. Најголемиот дел од нив – 2.394, на овој начин ја смениле сопственоста во вторникот, на претпоследниот ден од ноември. Во петокот, пак, на први декември,  тоа е направено само со 20 акции, издадени од скопски „Макпетрол“. Сепак, претходно биле завршени уште два трансфери, па се работи за вкупно 96 обични акции на најголемиот дистрибутер на горива во државата.

    „Македонски Телеком“, чии акции вообичаено се најбројни во активноста нетрговски трансфер, во последните пет работни дена се многу помалку, 500. Пренесени се на два пати, прво 200 во петокот на 24 ноември, па 300 во средата.

    Овојпат, предводат акциите на „Либерти“ АД Скопје – 786, додека најмалубројни се акциите на НЛБ банка – седум.

    Во два наврати се трансферирани 118 обични акции на „Кланица со ладилник“ и 311 на „Оранжерии Хамзали“ (фирми од Струмица), како и на скопски „Гранит“ – 300 обични акции.

    Во средата на овој начин се пренесени и акции од четири друшта произлезени од некогашната Рудници и Железарница Скопје: РЖ „Економика“ – 23 акции, РЖ „Услуги“ – 200, РЖ „Техничка контрола“ – 10 и РЖ „Интер-Трансшпед“ – 24 обични акции.

    Гледано по бројност, нетрговски трансфер е извршен со 560 акции на Цементарница „Усје“, од „Макстил“ 542 и од „АрцелорМиттал“ – 471 обична акција.

    Потоа, по 106 акции од „Македонијатурист“ и од прилепскиот „Тутунски комбинат“.

    Преку нетрговски трансфери се пренесени и 46 акции на Комерцијална банка, по 30 на „Окта“ и на „Дебарски бањи Цапа“, 26 на „Уготур“ и 25 обични акции на „Алкалоид“.

    M.A.

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично