ПОВЕЌЕ

    ЈПДП со оглас бара работници за изведба на автопатиштата: 40 работни часа неделно, платите од 30 до 70 илјади денари

    Време зa читање: 2 минути

    Работна седмица од 40 часа и плати до 70 илјади денари, се дел од понудата во огласот објавен од Јавното претпријатие за државни патишта за ангажирање работници за проектот за изградба на четирите автопати на изведувачот „Бехтел и Енка“ на коридорите 8 и 10д. Рокот за пријавување е 25 април. Вработувањата се за периодот до завршувањето на проектот, односно до 22 јануари 2028 година, како што е наведено во огласот. Кандидатите ќе ги вработува ЈПДП, согласно сопствениот правилник за систематизација.

    Со огласот се бара помошник на главниот и одговорен координатор на проектот за основна плата од 70.052 денари. Кандидатот мора да е градежен инженер. Понатаму, потребен е координатор на единицата за подготовка на проектот со завршен фалкултет од општествените науки. За позицијата е предвидена нето-плата од 60.005 денари. Се бара и градежен инженер за местото координатор на единицата за техничка изведба на проектот со месечни примања од 65.029 денари.

    Градежните инженери си тригодишно искуство можат да аплицираат за петте позиции – „специјалисти за инвестиции и градба на патишта“. Платата е 55.037 денари. Овој месечен износ е предвиден и за еден урбанист, еден геодет, за двајца специјалисти за подготовка, изработка и следење на проектна документација, за двајца стручни во заштитата на животната средина, за еден електроинженер со знаења за енергетските објекти и за еден сообраќаен инженер.

    Исто така, потребни се и четворица специјалисти за експропријација на имот, со завршен факултет од општествените науки, со основна плата од 45.045 денари. Истите пари се предвидени и за еден преведувач и еден известувач за проектот, а од заинтресираните се бара да имаат „високо образование“.

    Со средно образование може да се кандидатите за позицијата администратори, а потребни се двајца. За нив е предвидена нето-плата од 30.000 денари, исто колку и за двајцата возачи, кои треба да се со најмалку средно образование.

    Селекцијата на кандидатите ќе ја направи комисија формирана од директорот на ЈПДП, и тоа во рок од 45 до 120 дена, зависно од бројот на кандидатите.

    Целиот оглас може да се види тука

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично