ПОВЕЌЕ

    АМЕРИКАНСКИ РАЗУЗНАВАЧИ ТВРДАТ: Зад експлозиите на Северен тек стои „проукраинска“ диверзантска група

    Време зa читање: 2 минути

    Новите разузнавачки информации разгледани од европски и американски официјални лица сугерираат дека проукраинска диверзантска група го извршила нападот на гасоводите Северен тек во септември минатата година.

    Експлозиите се случјаи во меѓународните води во Балтичкото Море, во близина на данскиот остров Борнхолм. Експлозиите ги оштетија цевководите што ги поврзуваат Русија и Германија испуштајќи тони руски гас во Балтикот.

    Германскиот весник „Ди Цајт“ вели дека истражителите веруваат дека нападот го извршил тим од шест лица, користејќи јахта што била ангажирана од компанија регистрирана во Полска и во сопственост на двајца украински државјани.

    Иако американските власти негираа дека пронашле какви било докази кои ја поврзуваат украинската влада со нападот, Михаило Подољак, висок советник на украинскиот претседател Зеленски, ја отфрли веста како теорија на заговор.

    Точната причина за септемвриските експлозии што ги погодија гасоводите за природен гас не е позната, но нашироко се верува дека тие биле нападнати.
    НАТО и Западот изразија сомневања дека Русија е одговорна.

    Москва за возврат го обвинува Западот и бара истрага од страна на Советот за безбедност на ОН.

    Германија, Данска и Шведска започнаа истрага за експлозиите кои моментално се во тек. И Лондон и Вашингтон рекоа дека ги чекаат тие наоди. „Треба да оставиме овие истраги да завршат и само тогаш треба да разгледаме кои последователни дејства би можеле или не се соодветни“, рече портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично