ПОВЕЌЕ

    Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) пораснале во последниот квартал на 2022

    Време зa читање: 5 минути

    Народната Банка објави податоци и за позначајните движења кај останатите финансиски институции, (ОФИ) за четвртиот квартал на 2022 година:

    – Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), во четвртиот квартал на 2022 година, изнесуваат 178.925 милиони денари и се зголемени за 5.064 милиони денари, на квартално ниво. Најголемо учество во структурата на средствата на ОФИ и понатаму имаат пензиските фондови со 65,4%, а по нив следуваат осигурителните друштва, со учество од 17,4%.

    – Во четвртиот квартал од 2022 година, кварталната стапка на раст на вкупните
    средства на останатите финансиски институции (ОФИ) изнесува 2,9%, во најголем дел како резултат на зголемените средства на пензиските фондови, додека останатите потсектори имаат помало позитивно влијание, со исклучок на осигурителните друштва, кај коишто е забележан пад на средствата. Годишниот раст од 8,0% во поголем дел се должи на зголемените средства на пензиските фондови, при помал позитивен придонес и на останатите потсектори, со исклучок на средствата на инвестициските фондови, коишто остварија годишно намалување.

    – Најголемиот дел од средствата на ОФИ им припаѓа на вложувањата во должнички хартии од вредност (учество од 51,4%), како и на вложувањата во сопственички хартии од вредност и пласмани во валути и депозити (учество од 24,1% и 10,2%, соодветно). На страната на обврските, најголемиот дел се однесува на техничките резерви на осигурувањето4 и капиталните сметки (учество од 57,8% и 33,0%, соодветно).

    – Анализирано по инструменти, на страната на средствата, кварталниот раст во
    поголем дел се должи на зголемените вложувања во должнички хартии од вредност,
    при дополнителен позитивен придонес и на сопственичките хартии од вредност,
    валутите и депозитите и побарувањата врз основа на кредити, во услови на остварен
    пад кај техничките резерви на осигурување. Годишниот раст пред сѐ произлегува од
    повисоките вложувања во должнички хартии од вредност, а во помал дел и од
    кредитите. На страната на обврските, растот на квартално ниво, во поголем дел е
    резултат на зголемувањето на техничките резерви на осигурувањето и зголемените
    капитални сметки, а позитивно влијание имаат и обврските врз основа на кредити.
    Растот на годишно ниво пред сѐ е одраз на зголемувањето на техничките резерви, а
    во помала мера и на обврските врз основа на кредити, во услови на забележан пад
    на капиталните сметки.

    Позначајни движења кај ОФИ, по видови институции

    – Во четвртиот квартал на 2022 година, кварталниот раст на вкупните средства на
    пензиските фондови (задолжителни и доброволни) изнесува 3,7%, што во
    најголем дел се должи на зголемените вложувања во должнички хартии од вредност,
    а дополнително и на вложувањата во сопственички хартии од вредност. Средствата
    на пензиските фондови остварија годишен раст од 7,6% којшто во целост се објаснува
    со повисоките вложувања во должнички хартии од вредност, во услови на забележан
    пад на валутите и депозитите и вложувањата во сопственички хартии од вредност.
    На страната на обврските, кварталниот раст во најголем дел произлегува од
    зголемените технички резерви на осигурувањето, коишто целосно го објаснуваат и
    годишниот раст. Помал позитивен придонес кон кварталната промена имаат и
    капиталните сметки.

    – Вкупните средства на осигурителните друштва , на крајот на декември 2022 година, забележаа квартално намалување од 1,7%, што се должи на падот на побарувањата врз основа на техничките резерви на осигурувањето, како и на останатите побарувања. Квартален раст е забележан кај вложувањата во хартии од вредност (должнички и сопственички) и во валути и депозити. На годишна основа, средствата на осигурителните друштва се повисоки за 6,1%, со поголем придонес кон растот на должничките хартии од вредност, валутите и депозитите и останатите побарувања, а во услови на остварен пад на техничките резерви на осигурувањето. На страната на обврските, падот на квартално ниво главно се должи на намалувањето на техничките резерви на осигурувањето, а во помал дел и на негативното влијание на останатите обврски, во услови на остварен раст кај капиталните сметки. Растот на годишна основа во поголем дел е резултат на техничките резерви на осигурувањето, а во помала мера и од останатите обврски.

    – Кварталната стапка на раст на вкупните средства на инвестициските фондови, во четвртиот квартал, изнесува 4,3% и во најголем дел се должи на зголемувањето на сопственичките хартии од вредност, а позитивно влијание имаат и валутите и депозитите и должничките хартии од вредност. Анализирано на годишно ниво, средствата на инвестициските фондови остварија пад од 3,9%, што во најголем дел
    се објаснува со намалените валути и депозити, при помало негативно влијание и на
    должничките хартии од вредност, во услови на раст на сопственичките хартии од
    вредност. На страната на обврските, промената кај двете основи во целост
    произлегува од зголемените капитални сметки.

    – Вкупните средства на другите ОФИ, во четвртиот квартал на 2022 година,
    бележат квартално и годишно зголемување од 5,3% и 23,3%, соодветно. Кредитите
    одобрени од финансиските и друштвата за лизинг изнесуваат 14.105 милиони
    денари, од кои 8.023 милиони денари се однесуваат на финансиските друштва, а
    6.082 милион денари на друштвата за лизинг. Кредитната активност на овие два
    сектора бележи квартален и годишен раст од 4,7% и 23,8%, соодветно, во услови на
    поголемо кредитирање од страна на финансиските друштва. На страната на
    обврските на другите ОФИ, најголем придонес кон зголемувањето кај двете основи
    имаат обврските врз основа на кредити и капиталните сметки. Позитивно влијание
    кон годишниот раст имаат и останатите обврски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично