ПОВЕЌЕ
    ПОВЕЌЕ

      ТТК Банка ќе ги исплати пензиите во четири групи според висината на пензијата

      Време зa читање: 2 минути

      ТТК Банка ги известува своите ценети клиенти пензионери дека, почнувајќи од 30-ти август 2022 година ТТК Банка АД Скопје ќе врши исплата на пензијата за месец август на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.

      Oд 30.8.2022 г. (вторник) корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или во трговската мрежа.

      За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури на Банката во четири групи според висината на пензијата и тоа:

      • до 11.000 денари на 30.8.2022 г. (вторник)
      • од 11.001 до 14.000 денари на 31.8.2022 г. (среда)
      • од 14.001 до 18.000 денари на 1.9.2022 г. (четврток)
      • над 18.000 денари на 2.9.2022 г. (петок)

      Изберете едноставен, брз и сигурен начин за располагање со пензијата, безготовински преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank,  со користење на дебитните картички, а во случај на потреба од готовина преку мрежата на банкомати.

      Со цел заштита на здравјето, при неопходна посета на  филијалите и експозитурите на Банката, потсетуваме дека е потребно да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете, посочуваат од банката.

      14,794Следи нè на facebookЛајк

      слично