ПОВЕЌЕ

    ,,ПАРИ” ДЕНЕС: КРИПТО ПАНИКА ГО ДРМА СВЕТОТ, А ВО МАКЕДОНИЈА НАЈМОЌНИТЕ ПЕТ ТЕКСТИЛЦИ ОД ЧЕТИРИ ГРАДА ,,ШИЈАТ” ПРИХОД ОД 120 МИЛИОНИ ЕВРА

    Време зa читање: 3 минути

    Крипто паника го дрма светот? Најголемата светска дигитална платформа за тргување со криптовалути Binance, привремено ги прекинува плаќањата во биткоини поради, како што наведува, „застој во трансакциите”.

    Во текот на викендот и понеделник наутро, повеќе од 200 милијарди долари беа избришани од целиот пазар на криптовалути.

    Пазарната капитализација на криптовалутите падна на под еден трилион долари во понеделник, 13 јуни, за прв пат од февруари 2021 година, според CoinMarketCap.

    Во моментов цените на криптовалутите се:

    Сите цени на крипто валути [ тука ]

    НАЈМОЌНИТЕ ПЕТ ТЕКСТИЛЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ,,ШИЈАТ” 120 МИЛИОНИ ЕВРА ПРИХОД

    За многу од текстилните фабрики 2021 година, беше исклучително тешка, при што Државниот завод за статистика забележа дека Производството на облека во Македонија е намалено за 11,3 проценти, а на облека за 9,9% во однос на 2020 година, анализата што ја направи порталот „Пари“ во соработка со БизнисМрежа.мк, покажува дека кај најголемите комапнии се вртеле приходи од по повеќе десетици милиони евра, дека најголемата „Комфи ангел“ имала раст на прометот, но пад на добивката, како и дека најмногу и се посреќило на компанијата „Декор текстил“.

    ТОП 5 текстилни компании по приход во 2021 година

    КОМПАНИЈА ПРИХОД 2021 РАСТ НА ПРИХОДИ 2021/2020 ДОБИВКА 2021 РАСТ НА ДОБИВА 2021/2020
    КОМФИ-АНГЕЛ увоз-извоз Прилеп ДОО 38,7 мил. евра +16,95% 1,8 мил.евра – 9,66%
    ДЕКОР ТЕКСТИЛ ДООЕЛ експорт-импорт Гостивар 22,9 мил. евра  +376,7% 1,5 мил. евра +4.814%
    АДИЕНТ СЕАТИНГ ДООЕЛ Штип 22,5 мил. евра -12.89% 468.000 евра -69,9%
    ТЕХНИКАЛ ТЕКСТАЈЛС ДООЕЛ Штип 20,9 мил. евра + 35,46% 5,6 милиони евра +53,18%
    АДИЕНТ АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ Струмица 14,7 мил. евра -0,64% 675.000 евра – 8,04%

     

    Но, како што може да се забележи, компаниите со најголеми приходи, всушност не произведуваат класична облека, туку тие произведуваат постелнина, навлаки за автомобилската индустрија, или специфичен индустриски текстил.

    Целата анализа за НАЈМОЌНИТЕ ТЕКСТИЛЦИ ЗА 2021 може да ја прочитате на следниот линк: http://pari.com.mk/najmoknite-tekstilci-za-2021/

    ЧИТАЈТЕ УШТЕ:

    Што се паметни пари?

    Каматните стапки во Еврозоната ќе се зголемат за прв пат по 11 години

    Индија и Кина растечки пазари за отфрлената руска нафта

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично