Како општествено одговорна банка, во услови на енергетска криза и зголемени цени на електрична енергија, НЛБ Банка организира промотивна кампања за НЛБ haPPy картичките. Во рамки на промотивната кампања, Банката на клиентите им овозможува 5% поврат на средства (cashback) за секоја платена сметка за електрична енергија со НЛБ happy картичка, реализиранa во промотивниот период од 1.2.2022 до 31.3.2022 година.
НЛБ haPPy картичката e кобрендирана револвинг кредитна картичка од програмата на Mastercard која на клиентите им нуди загарантиран поврат на средства (cashback) со секое купување во земјата и странство. Износот на поврат на средства е во зависност од продажното место на кое е реализирана трансакцијата.
За НЛБ happy картичките клиентите можат да аплицираат во експозитурите на Банката или во продажните салони на Нептун Македонија.