Во Tesla сè уште може да се играат видео игри додека се вози.
Но, и тоа наскоро ќе се промени. Според Асошиејтед прес, Тесла бил принуден да го ажурира софтверот, што ќе оневозможи да се играат видео игри за време на возење.
Откако медиумите откриле дека во автомобилите на Тесла може да се вози со вклучен режим за играње видео игри, Националната администрација за безбедност на сообраќајот на патиштата на САД (NHTSA) започнале истрага. Откриено е дека софтверот навистина дозволува играње додека се вози, што ги нарушува безбедносните стандарди бидејќи возачот нема целосен поглед на екранот, што може да му го одвлече вниманието.
Tesla Motors на почетокот не реагирале на обвинувањата, но на крајот попуштиле под притисокот на американските регулатори. По следното ажурирање на софтверот, функцијата Passenger Play ќе биде дозволена само додека автомобилот е во мирување, како што е случајот пред години со автомобилите со ТВ и видео проекции.
NHTSA објавиле дека и покрај најавеното ажурирање, истрагата ќе остане отворена. NHTSA може да бара формално отповикување, но ќе продолжи да следи што се случува со софтверот. Станува збор за 580.000 примероци од Model 3, S, X и Y произведени од 2017 година до денес, а NHTSA наведува дека функцијата за играње додека возите е достапна од декември минатата година.
Досега не се пријавени сообраќајни незгоди предизвикани од играње игри, но пријава поднел еден сопственик. Винс Патон (59) минатиот месец открил дека можел да игра игри додека вози. “Некој ќе умре. Ова е целосно лудило”, рекол Патон, нагласувајќи дека ја сака својата Тесла и нема ништо против производителот. Тој е едноставно загрижен за оваа карактеристика.
Да потсетиме, NHTSA го истражува и автопилотот на Tesla поради сомневање дека предизвикал голем број сообраќајни несреќи.