ПОВЕЌЕ

    89 182 пензионери земаат пензија до 11 000 денари

    Време зa читање: 2 минути

    Владата даде зелено светло, предвремени пензии ќе има, и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.01.2022 година.

    Да видиме какви беа бројките минатиот месец..

    Најнискиот износ на пензија за најголемата група на корисници на ова право се движи од се движи од 9.986 денари до 12.801 денари, во зависност од групата на која што припаѓаат.

    Вкупниот број на пензионери во декември изнесувал 328.570 лица додека просечната пензија во декември изнесувала 15.876 денари.

    Најнизок износ на пензија земале 80.809 пензионери, од кои 65.535 пензионери за остварено право од 01.01.2002 година до денешен датум..

    Но, ако ги анализираме како корисник на пензија по групи на исплата, тогаш 89 182 пензионери земаат пензија до 11 000 денари.

    Од 11 001 до 14 000 денари земаат пензија 75 749 пензионер, или повеќе од 165 000 пензионери земаат пензија, помала од просечната пензија која изнесувала 15.876 денари.

    Целосната анализа за декемвриските пензии, ќе може да ја прочитате во текот на утрешниот ден на порталот Пари..

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично