1. Yearn.finance 27,450 $
Јарн.фајнанс е најмладиот проект на нашата листа. проектот е специјализиран за „yield farming “. Принципот на кој работи е преку паметен договор ги избира најпрофитабилните протоколи во даден момент потоа ги позајмува вложените средства на своите корисници со цел да ги зголеми нивните каматни стапки.
Една од причините за високата цена на оваа валута е мала понуда која изнесува вкупно 30.000 YFI монети.
2. Bitcoin 11,900 $
Oваа криптовалута е создадена во 2009 година и долго време беше неприкосновен лидер на пазарот. Техничките основи на Сатоши Накамото стојат зад создавањето на целиот крипто-екосистем со сите свои аспекти.
Биткоинот сè уште се смета за најбезбеден од сите блокчејн валути. Времето ќе покаже дали биткоинот ќе остане на врвот на пазарот. Она што започна како „Peer-to-peer Electronic Cash System“ полека се претвори во новото „дигитално злато“.
3. Ethereum 610 $
Етериум го има првиот блокчејн што дозволува склучување на паметни договори при извршувањето на секаков тип на трансакции. Корисниците мораат да внесат код на блокчејнот кој го користи етериум ,за да може да се пристапи до извршување на трансакции. Компјутерскиот јазик на етериум е комплетен туринг, што значи дека може да се користи за решавање на кој било разумен компјутерски проблем што може да се замисли.
Етериум привлече големо внимание веднаш по лансирањето. Цената забележа брз пораст се додека не го достигна третото место зад биткоин во вкупната пазарна капитализација.
4. Maker 564 $
МакерДАО е еден од најраните проекти на етериум. Оваа валута дозволува издавање на децентрализиран стабилен коин кој е врзан за американскиот долар. За да се случи ова, се депонираат токени ETH или ERC-20, што ја поддржува цената на стабилниот коин. Концептот прво го разви Битшарес, а подоцна го усоврши Макер.
5. Bitcoin Cash 312 $
Биткоин кеш е првата и најуспешна промена на блокчејнот на Биткоин. Промената се случи во средината на 2017 година. Оригиналниот биткоин функционира на BTC тикерот , додека новиот познат како биткоин кеш, го користи тикерот BCH. На блокот број 478.599, секој со одредено салдо на BTC го добил истиот еквивалентен биланс на BCH. Двете криптовалути ја делат истата историја до овој блок, по што тргнаа одделно.